Интернетот предизвика големи промени и стана суштинска инфраструктура за денешната економија и општество.
Сегашната бројка од една милијарда корисници на фиксната мрежа наскоро ќе се зголеми за уште 3 милијарди со поевтинувањето на мобилните уреди и искористувањето на сеприсутната инфраструктура на безжичниот интернет секаде и во секое време.
На оваа отворена конференција ќе се идентификуваат долгорочните општествени и економски трендови на идните онлајн заедници, начинот на кој тие ќе влијаат врз развојот на основната мрежа и технологиите и како ќе ги поттикнуваат истражувањето и технологијата насочени кон „интернетот на иднината“. На конференцијата ќе се дефинираат идните дејства на европско ниво во областа која веќе стана глобално прашање, со храбрите иницијативи започнати во САД и Азија.
Конференцијата која се одржува под словенечкото претседателство со ЕУ ја отворија Европските комесари Вивиен Рединг и Јанез Поточник. Конференцијата ќе собере клучни европски и меѓународни говорници и повеќе од 70 проекти на ЕУ за истражување кои ќе бидат од помош за дефинирањето на иднината на интернетот. На веб-сајтот на конференцијата има повеќе информации, формулар за пријавување, а ќе има и видео пренос во живо од конференцијата.
Веб-сајт на конференцијата
Извор: Europe's Information Society – "The Future of the Internet"



