Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ почнале да ги доставуваат анкетните листови во партиската централа во Скопје, за да бидат обелоденети на сајтот на оваа партија
Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ почнале да ги доставуваат анкетните листови во партиската централа во Скопје, за да бидат обелоденети на сајтот на оваа партија. Партијата уште во предизборната кампања вети дека ќе ги обелодени имотните состојби на сите свои пратеници и функционери.
– Сé уште не се собрани сите анкетни листови, но тоа ќе се заврши многу брзо. Анкетните листови ќе бидат обелоденети за јавноста да има претстава кој со колкав имот влегува во извршната власт. Ова ќе го сторат сите пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ – изјави вчера новиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Оливер Шамбевски.
Извор: Време