Секторот за информатичка технологија во Македонија можеби е најкомпатибилен со тој во Европа и во светот – изјави Јани Макрадули
– Секторот за информатичка технологија во Македонија можеби е најкомпатибилен со тој во Европа и во светот – изјави претседателот на владината Комисија за информатичка технологија, Јани Макрадули, на вчерашната Регионална конференција и Денови на МАСИТ.
Тој посочи дека во последните месеци од индексот седум Македонија се качила на индекс 35,7 за користење на информатичката технологија.
– Македонија покажа дека може да направи релативно голем скок во примената на модерните технологии и на информатиката – рече Макрадули.
Владата од вчера комуницира со министерствата на електронски начин. Плаќање на сметки во банки и уплата на пензиски придонеси исто така може да се изврши по електронски пат, јави МИА.
Според Макрадули, цената на интернетот не е пресудна ако се увидат неговите предности за штедење време и пари. Тој смета дека до поевтин интернет може да се стигне со поголема конкуренција меѓу операторите и со поголем број корисници.
Извор: Дневник