Добро владеење: Иницијатива за информациска сигурност
Воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите сегменти на општественото и деловното опкружување е базична претпоставка за функционирање на информатичкото општество. Од друга страна заложбата за создавање на на услугите и содржините базирани на ИКТ (Информатичките и комуникациските технологии) е еден од основните предуслови за зголемување на квалитетот на животот но и за фаќање на чекор со глобалните трендови.
Процесот за обезбедување на сигурност на информацијата врз база на нејзината точност, доверливост и достапност е основа за развој и подобрување на севкупната бизнис клима, унапредување на деловниот амбиент, заштита на приватноста на граѓаните, но и просперитет на општеството.
Преземете ги документите од проектот „Иницијатива за информатичка сигурност“ , составени од:
- Насоки за информатичка сигурност – експертска анализа на законските рамки, препораки за стандарди и нивна примена во конкретни случаи како државни институции, локална самоуправа, банки и други институции; улогата на компјутерскиот криминал (правна рамка, статистички податоци, економски ефекти).
- Текстови на брошури, флаери и други материјали произлезени од проектот.
- ИКТ Водич бр.4: Безбедност на информациите и зошто да се заштитиме?
Сподели: