Пари за решавање на локалните проблеми општините ќе можат да бараат од донаторите што ќе бидат објавени на интернет-страница на Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС)…
Пари за решавање на локалните проблеми општините ќе можат да бараат од донаторите што ќе бидат објавени на интернет-страница на Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС), беше речено на вчерашната презентација на два нови проекта во Скопје.
– Локалната власт преку веб-страницата www.zels.org.mk ќе може да бара примери на успешни предлог-проекти, а целта е и самите да научат да подготвуваат студии со кои ќе бараат пари од донаторите – појаснуваат од ЗЕЛС.
Беше претставена и информативно-компјутерската мрежа “Логин”, со која општините ќе може да разменуваат информации и искуства со нашите и со локални заедници од Централна и Источна Европа. Целта на проектот е да ја поттикне локалната самоуправа и да ги активира невладините организации и граѓанските здруженија за соработка.
– Со децентрализацијата, власта ќе се приближи до граѓаните и ќе се создаде поголема стабилност во земјата на патот кон интеграцијата во ЕУ – рече Фроде Мауринг од Програмата за развој на ОН, УНДП.
Пари за реализација на двата проекта обезбедија УНДП и Швајцарската агенција за соработка и развој СДЦ.