Пристап до интернет имале 86,3 отсто од деловните субјекти од финансискиот и од нефинансискиот сектор со 10 или повеќе вработени годинава.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека годинава 94,7 отсто од деловните субјекти од финансискиот и од нефинансискиот сектор биле опремени со компјутери, 71,8 отсто користеле компјутерска мрежа ЛАН, а 31,9 отсто користеле безжичен ЛАН. Интранет, интерна комуникациска мрежа заснована на интернет-протокол, имале 33,4 проценти, а екстранет, дозволен надворешен пристап до својата мрежа, имале 20,6 отсто од деловните субјекти.
Најраспространето поврзување на интернет е преку ДСЛ-технологиите (како АДСЛ и др.), односно 71,8 отсто од деловните субјекти со пристап на интернет имале ваков тип поврзување.
Од деловните субјекти со пристап на интернет, 70,8 отсто најчесто го употребувале за банкарски и за финансиски услуги, а своја веб-страница имале 55,9 отсто.
Автоматска размена на податоци со други деловни субјекти имале 29,1 отсто, а внатрешна автоматска размена на информации во рамките на деловниот субјект имале 48,4 отсто од деловните субјекти.
Извор: Дневник „Интернет користат 86 отсто од фирмите“ 22 декември, 2009.



