Парламентарните комисии за транспорт и врски, екологија и за образование, наука и култура на 6 и 7 септември ќе расправаат за Националната стратегија за развој на информатичкото општество.
Стратегиските цели на Националната стратегија за развој на информатичко општество (НСИО) се целосно либерализирање на пазарот на електронски и комуникациски услуги, зголемување на бројот на корисниците на Интернет од сегашните 126 000, воспоставување електронски сервиси за јавните услуги.
Националната стратегија за развој на информатичко општество содржи седум столба инфраструктурата, е-бизнис, е-влада, е-образование, е-здравство, е-граѓани и е-легислатива.
Приоритетните проекти, како што е наведено во соопштението, на парламентарната комисија за информатичка технологија е создавањето ИД-карта, електронска здравствена картичка, дигитализација на културното, историското и археолошкото наследство, создавањето Протеус – портал за сублимирање на сите активности во областа на е-образованието.
Од особена важност е донесувањето на Закон за информатичко општество, со кој ќе се воспостави институционална рамка за основање Агенција за информатичко општество, Интерминистерски совет и Национален совет.
Дневник