На 30 и 31 март 2005, во хотел Континентал, Скопје ќе се одржи Интра Логин Експо 2005 во организација на Логин Системи
На 30 и 31 март 2005, во хотел Континентал, Скопје ќе се одржи Интра Логин Експо 2005 во организација на Логин Системи.
Под мотото „хардвер и софтвер на едно место” ќе бидат презентирани разни технички решенија.
Презентери на саемот ќе бидат вработените во Логин Системи. Учесници на саемот ќе бидат десетина различни фирми од бизнисот и информатичката технологија кои ќе ја збогатат понудата и содржината на настанот.
Саемот е наменет за менаџери и сопственици на мали и средни претпријатија, компјутерски фирми, специјализирани продавници за опрема и потрошен материјал, компјутерски стручњаци и студенти – ентузијасти, поединци кои ја сакаат технологијата за примена во домашен амбиент.