Европската комисија објави пан-европско истражување за електронските услуги во здравството (е-здравство) кое покажа дека 87 отсто од европските доктори (општи лекари) користат компјутер, од кои 48% имаат широкопојасен интернет.
Европските доктори се повеќе ги чуваат и испраќаат по електронски пат податоците на пациентите, како на пр. лабораториските извештаи. Со користењето на такви апликации за е-здравство, докторите и понудените здравствени услуги веќе ја подобрија здравствената нега во Европа, на пр. администрацијата е поефикасна и времето на чекање на пациентите е пократко. Во извештајот исто така се истакнува каде докторите може подобро да ја искористат ИКТ за да понудат услуги од типот на телемониторинг, препишување електронски рецепти и прекугранични здравствени услуги.

„Европа започнува да ги користи придобивките од конекцијата со широкопојасен интернет во секторот е-здравство. Ги поздравувам заложбите на здравствената администрација и докторите, да работат поефикасно,“ изјави Вивиен Рединг, Комесар на ЕУ за информатичко општество и медиуми. „Оваа дијагноза исто така покажува дека сега е време многу повеќе да се искористат овие електронски услуги бидејќи имаат потенцијал да донесат големи придобивки за сите пациенти, низ цела Европа.“

Според истражувањето „Одредување на употребата на ИКТ кај општите лекари во Европа“ кое денес го презентираше Европската комисија, апликациите за е-здравство имаат сè поголема улога во лекарската пракса,. Сепак, остануваат значителни разлики во однос на нивната достапност и употреба низ Европа. Околу 70 отсто од европските доктори користат интернет, а 66 отсто користат компјутери за консултации. Освен тоа, има големи разлики помеѓу разните земји: Данска е земја со најголема пенетрација на широкопојасниот интернет што се однесува до општите лекари (91%), а Романија ја има најниската пенетрација од околу 5 отсто.

Истражувањето покажува дека земјите најнапредни во ИКТ пристапот и поврзливоста поверојатно ќе ги користат за професионални намени. На пример, Данска, каде што брзиот интернет е најшироко достапен низ Европа, застапена е комуникација преку мејл на доктори и пациенти во околу 60 отсто од праксите (просекот на ЕУ е само 4 %)

Истражувањето покажува дека земјите најнапредни во пристапот до ИКТ и поврзливоста е поверојатно истите да ги користат во професионални цели. На пример, во Данска, каде пристапот до брз интернет е најраспространет од цела Европа, има широка употреба на комуникација преку имејл меѓу докторите и пациентите во околу 60 отсто од праксите (просекот во ЕУ е само 4%).

Истражувањето исто така ги нагласува областите за подобрување и натамошен развој, како на пример електронските рецепти (е-препишување) кое го практикуваат само 6 отсто од општите лекари во ЕУ. Тоа се користи во три земји-членки: Данска (97%), Холандија (71%) и Шведска (81%).

Телемониторингот, кој им овозможува на докторите да ја следат болеста на пациентот или да се справуваат со хронични заболувања од далечина, се користи само во Шведска (каде 9 отсто од докторите обезбедуваат телемониторинг услуги), Холандија и Исланд (двата околу 3 отсто). Комисијата планира да поднесе извештај во текот на оваа година за потенцијалот и развојот на телемедицината.

Размената на податоци за пациентите преку границите е исто така ретка, и ја практикуваат само 1 отсто од општите лекари во ЕУ, со највисока стапка на употреба од 5 проценти во Холандија. Оваа година комисијата планира да даде препораки за прекугранична интероперабилност на системите за електронски здравствени картони и ќе започне, со неколку земји, проект за прекугранични услуги на е-здравство за пациенти кои патуваат во ЕУ.

Повеќето од европските доктори се сложуваат дека ИКТ го подобрува квалитетот на здравствените услуги кои тие ги обезбедуваат. Докторите кои не користат ИКТ велат дека за нив голема пречка е тоа што немаат обука и техничка поддршка. За да се распространи е-здравството, тие бараат поголема застапеност на ИКТ во медицинското образование, повеќе обука и подобро електронско вмрежување помеѓу здравствените работници кои сакаат да споделат клинички информации.

Извор: Europe’s Information Society “Survey takes pulse of e-Health in Europe and prescribes wider ICT use among doctors” April 25, 2008