На 20 септември 2006 година Прајваси интернешнал (Privacy International) објави сеопфатен преглед на законите за слобода на информации и нивна примена во скоро 70 земји низ светот, меѓу кои се и 40 земји од Европа.
Истражувањето насловено како „Слобода на информациите низ светот во 2006 Глобален преглед на владините закони за информации“ покажува дека движењето за прифаќање на законите за слободен пристап до информации низ светот е во пораст. Само во последните две години над дванаесетина земји донесоа нови закони и акти, а други дванаесетина разгледуваат предлози. Исто така, на сила стапија и важни меѓународни договори, како што е Конвенцијата против корупција на ОН. Овие закони се користат за борба против корупцијата и ја зголемуваат одговорноста кај владините тела и ги промовираат социјалните и човековите права.
Истражувањето покажува и дека сè уште постојат многу проблеми како што се лошо формулирани закони, нивно лошо имплементирање и постоечка култура на тајност во многу земји. Исто така, постои опасност од застранување како што е случај со Ирска каде што воведувањето на огромни казни значително ја намали употребата за законот и во Велика Британија каде што се разгледува сличен предлог. Слаба е и имплементацијата на новите закони кои ја промовираат тајноста во глобалната војна против тероризмот.
Извештајот е објавен во предвечерјето на Меѓународниот ден Имам право да знам на 28 септември. Поддржувачите во голем број земји ќе прославуваат организирајќи настани.
Интерактивна верзија од истражувањето ќе биде наскоро објавена во соработка со Фридоминфо.орг (freedominfo.org) и Институтот отворено општество – Право (Open Society Justice Institute).
Слобода на информациите низ светот во 2006 Глобален преглед на владините закони за информации (20.09.2006)
Настани на Меѓународниот ден Имам право да знам – 28 септември 2006 г.
(Дејвид Банисар – Прајваси интернешнал)



