На 6 јуни, 2008 г., блогот на италијанскиот новинар Антонио Монтелеоне без известување беше затворен од страна на полицијата во Калабрија под обвинение за клевета.
Новинарот тврди дека оваа акција следела по објавувањето на неповолни информации за некои политички фигури.
Целата приказна започна по изборите во 2006, кога блогерот објави извадоци од еден документ кој содржеше кратки биографии на кандидати за италијанскиот парламент. Во документот имаше информации за одредени лица на списокот на номинации кој имаше претходна поврзаност со случаи на злоупотреба на власт и манипулирање со тендерите, па дури и учество во активности на мафијата. На 9 декември 2006 г., Монтелеоне објави напис за Галати, тогашен член на Обединетата демократска партија, заменик секретар во Министерството за производствени активности во времето на Владата на Берлускони, покажувајќи дека тој е зависник од дрога. По кратката размена на имејл пораки меѓу Монтелеоне и Галати, Галати поднесе тужба но судот го отфрли случајот и Галати беше принуден да ги плати трошоците.
Затворањето на веб-сајтот беше извршено без претходно известување и без каква било информација до блогерот околу конкретните обвиненија. Пјеро Рика, блогер кој исто така беше под истрага на полицијата за клевета, смета дека ситуацијата е апсурдна и вели дека во секој случај „превентивниот напад“ за клевета е дискутабилен. Во секој случај, за оваа постапка мора да биде известен обвинетиот автор на написот.
Ова не е изолиран случај во Италија и Рика смета дека има и други блогери чиишто блогови исто така биле затворени, но тоа не го објавиле. Еден друг италијански блогер, Карло Рута, беше осуден од Судот на Модика за тајно печатење. Поради тоа, блогот во овој случај беше третиран како весник од страна на италијанскиот суд.
Ова не е само италијански тренд. Според годишниот извештај на Универзитетот Вашингтон, сè повеќе луѓе се апсат поради објавувањето на нивните мислења за политички прашања на своите блогови. Во извештајот „Пристап до информации од светот“ се вели дека блогерите биле апсени за информирање околу корупцијата во владите, прекршувањето на човековите права или спречувањето на протести. Во извештајот исто така се предвидува дека во 2008 ќе има поголем број на такви случаи на апсење.
Another Italian blog seized (only in Italian, 10.06.2008)
Why was the blogger condemned? (only in Italian, 17.06.2008)
Blogger arrests hit record high (16.06.2008)
Извор: ЕДРи-грам "Italian blog closed by Police" број 6.12, 18 јуни 2008



