40 нови медиумски производи и апликации беа избрани за време на состанокот на жирито на Наградите за светскиот самит којшто се одржа во Кралството Бахреин од 3 до 10 септември 2005 година. Наградените проекти ќе бидат претставени на 16 ноември за време на гала вечерта која ќе биде во склоп на втората фаза на Светскиот самит за информатичко општество којшто ќе се одржи во Тунис.

Оваа година во ова натпреварување учествуваа 168 земји. Македонија ја претставуваа 8 проекти, меѓу кои беше и интернет-пребарувачот Најди! кој победи во категоријата е-Вклучување на националното натпреварување. Што се однесува на проектите од другите балкански земји, два проекти од Хрватска беа наградени во категориите е-учење и е-наука.

Списокот на победниците