Фондација Метаморфозис спроведе анализа на спроведувањето на Законот за користењето на податоците од јавниот сектор и во поширока смисла спроведување на концептот на отворени податоци во Република Северна Македонија. Оваа анализа се базира на верзијата 3.1 од „Методологијата за проценка на подготвеноста за отворени податоци (ODRA)“ од 5/8/2015 година подготвена од Работната група за отворени владини податоци на Светска банка. Оваа верзија ги вклучува добиените повратни информации на меѓународно ниво и практичното искуство стекнато при примена на претходните верзии заклучно со декември 2014 година.
На тој начин оваа методологија ги запазува компаративните искуства и дава можност за мерливост и споредливост на достигнувањата за отворени податоци во Република Северна Македонија со други земји.
За целите на анализата, беше подготвен структуриран прашалник наменет за институциите кој беше споделен преку Министерството за информатичко општество и администрација. Прашалникот го одговорија претставници на 50 државни институции.