Декодирање на дезинформации: Регионално мапирање на дезинформации и граѓанското општество во Западен Балкан

Како дел од Програмата за дигитален активизам, предводена од TechSoup во соработка со регионалните партнери, ги презентираме извештаите за регионално мапирање на дезинформации и граѓанско општество за 2023-2024 година. Овие извештаи се фокусираат на четири клучни региони во Централна и Источна Европа: Западен Балкан, Вишеградскиот регион, Црноморскиот регион и Балтикот. Секој извештај обезбедува сеопфатна анализа на трендовите на дезинформации, влијанието на надворешните актери, војната во Украина и уникатните предизвици со кои се соочуваат граѓанските организации во овие региони, како и потребите што тие ги имаат со цел ефикасно да ја извршат својата мисија.

Од 2018 година, Програмата за дигитален активизам на TechSoup и неговите партнери во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и пошироко е посветена на зајакнување на граѓанските организации да градат одржливост преку обезбедување на практични алатки и вештини. Преку истакнување на потребите и недостатоците на граѓанското општество, овие извештаи имаат за цел да им ги доближат на организациите добиените сознанија како да се зајакне нивната отпорност од дезинформации и да се овозможи ефикасно прилагодување на нивните стратегии во променетиот општествен контекст.