Овој документ за политика се надоврзува на наодите на длабинската студија за платено политичко рекламирање за време на парламентарните избори во 2024 година.[1] Документот има за цел да идентификува одржливи и реални, долгорочни решенија за подобрување на системот на политичко финансирање во земјата. Покрај тоа што се фокусираме на користењето на индиректното државно финансирање преку медиумите – вклучително и радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите – се осврнуваме и на слабостите на системот воопшто. Во длабинската студија беа забележани три примарни проблеми на системот на финансирање на кампањата, и тоа:
- Формулата за исплата на државните средства не е пропорционална и им оди во прилог на поголемите и поетаблираните партии.
- Постои проблем со спроведливоста на правилата, особено недоволниот надзор врз специфичните елементи на изборната активност (имено интернет порталите).
- Системот е транспарентен во теорија, но не и во пракса, тешко е да се пристапи до податоците кои подобро ќе овозможат надзор од страна на истражувачките новинари и заинтересираните граѓани.
Анализата во продолжение ја разгледува логиката на овие препораки и наведува решенија за кои најверојатно ќе бидат потребни законски измени. Исто така, дава пошироки предлози за реформа на политичкиот финансиски систем, како и инкорпорирање препораки во врска со родово-насоченото партиско финансирање и финансирање насочено кон подобрување на социјалната инклузија. Ова се надоврзува на други два информативни документи[2] кои конкретно се осврнаа на овие прашања.
Овој производ е подготвен во рамки на проектот “Пари, медиуми и избори во Северна Македонија” финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.