Индекс на отвореност на локалната самоуправа

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во 17 единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност.

Визуелизацијата ги покажува перформансите на локалната власт во областа на добро владеење со фокус на четири принципи: пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност.

Доменот што ги поврзува сите четири принципи се отворените податоци.

Визуелизацијата е подготвена на македонски, албански и англиски јазик.

Целата проценка е достапна на следниот линк.