Студијата ја анализира подготвеноста на земјите од Западен Балкан да ги усогласат своите национални регулативи со Законот за дигитални услуги (DSA) на ЕУ.
Овој Закон претставува најамбициозна регулатива, како на ниво на ЕУ, така и на глобално ниво, кој има за цел да ги заштити основните права на корисниците на дигитални услуги.
Тоа го прави со пропишување механизми за заштита на дигиталниот простор од нелегална содржина и со поставување правила за транспарентност и одговорност на дигиталните платформи. Заедно со Законот за дигитални пазари (DMA), тој е дел од пакетот на ЕУ за дигитални услуги, кој има за цел да ги заштити корисниците на дигитални услуги додека ги поттикнува иновациите.
Сепак, DSA и DMA носат голем број предизвици, главно поврзани со нивното можно влијание врз слободата на изразување. Доминантен фокус на студијата е подготвеноста на Западен Балкан за усогласување со DSA; одредбите на DMA (Закон за дигитални пазари) до степен до кој ова законодавство се совпаѓа со DSA. Студијата е изработена во рамките на проектот „Иднината на Западен Балкан во дигитална Европа“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан.