Овој текст е превод на дел од анализата „Кон остварливо спроведување на Законот за дигитални услуги во Западен Балкан“ и ги претставува резултатите од истражувањето што беше спроведено во текот на март и април 2024 година за оценување на подготвеноста на јавните и на граѓанските сектори во Северна Македонија да ги усвојат и да ги спроведат прописите од Законот за дигитални услуги (DSA) на ЕУ.
Освен тоа што ја претставува ситуацијата во Северна Македонија, анализата исто така опфаќа и други земји од Западен Балкан и изнесува практични примери од неколку земји членки на ЕУ.
Целосната анализа е достапна на англиски јазик на вебсајтот на Метаморфозис.
Автор на националниот преглед за Северна Македонија е Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондација Метаморфозис.
Студијата е изработена во рамките на проектот „Иднината на Западен Балкан во дигитална Европа“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан.
Содржината на публикацијата е одговорност на авторите и не мора да ги одразува ставовите на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан.