Листа за самоевалуација за отвореност на единиците на локална самоуправа

Отвореноста на единиците на локална самоуправа (ЕЛС) кон граѓаните е клучна за добро управување на локално ниво, бидејќи поттикнува транспарентност, отчетност и активно учество на граѓаните, што води кон поефикасно и одговорно носење одлуки. Ваквата транспарентност е од особена важност во борбата против корупцијата, бидејќи овозможува јавен надзор и го намалува просторот за злоупотреби и за нелегални активности.

Листата за самоевалуација за отвореност на локалната самоуправа претставува инструмент преку кој ЕЛС самостојно ќе може да ја самооценуваат својата отвореност, што ќе им овозможи полесно и постојано следење и детектирање на нивните слабости и недостатоци, како и добивање појасна слика за проактивната транспарентност и нејзината улога во доброто владеење.

Листата е овозможена со поддршка на владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас во рамките на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)“ спроведуван од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21.