По повод Денот на побезбеден интернет, во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа настан на тема „Животот на интернет е повеќе од игра“. На настанот учество земаа 50тина ученици од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Кочо Рацин“ од Скопје.
Во оваа прилика беше спроведено мини-истражување на теми поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, користењето мобилни телефони, играњето онлајн игри, четувањето, сајбернасилството, како и општите интернет навики на децата.