Со големо задоволство ве известуваме дека во рамки на проектот Отворени образовни ресурси се изготви и анализа за можностите за вклучување на отворените образовни ресурси во образовниот процес. Истата е достапна за преземавање на следниот линк, и ве покануваме да ја прочитате!
Се надеваме дека анализата ќе ви биде од корист, и ќе разјасни добар дел од дилемите кои ги опкружуваат отворените образовни ресурси во нашата земја. Анализата, преку препораките, ќе допринесе за нивно помасовно користење, споделување, и преку тоа, градење на култура на солидарност и слободно споделување на знаењето помеѓу сите чинители во образовниот процес, со конечна цел – подобрување на квалитетот на образованието за сите ученици.