Како дел од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири држави од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Со цел подобро прикажување на утврдените резултати, Фондацијата Метаморфозис подготви визуелизации.
Визуелизацијата е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност.
Визуелизацијата е подготвена на македонски, албански и англиски јазик.
Целата проценка е достапна на следниот линк.