Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓснко учество, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, направи проценка на состојбата на доброто владеење во 17 единици на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година.
Инфографикот ги покажува резултатите од истражувањето кое е засновано врз Индексот на отвореност.
Истражувањето за 2020 година на Индексот на отвореност покажа ниско ниво (40%) на исполнување на принципите на добро владеење од страна на единиците на локалната самоуправа. Најдобри резултати во мерењето за 2020 година покажа општина Охрид.
Просечната транспарентност на општините изнесува 42%.
Визуелизацијата е подготвена на македонски, албански и англиски јазик.
Целата проценка е достапна на следниот линк.