Документот за родово мапирање во сферата на ИКТ во Македонија е подготвен во рамки на проектот на Метаморфозис „Унапредување, обликување и поддржување на слободите на интернет“. Главни цели на проектот се зголемување на разбирањето за сегашната состојба во однос на спроведувањето на основните права и слободи на Интернет во Македонија, градење на капацитетите на невладините организации (НВОи) и медиумите и олеснување на процесот на споделување на знаење и вмрежување помеѓу најрелеватните засегнати страни како основа за зголемено учество на граѓанските организации (ГОи), медиумите и граѓаните во формирањето на политиките кои се однесуваат на слободите на Интернет.