ПРЕМОСТУВАЊЕ НА РОДОВИОТ ЈАЗ: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗАСТАПЕНОСТА НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИЧКОТО РЕКЛАМИРАЊЕ И ВО ПОКРИВАЊЕТО НА ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Овој документ за политики се надоврзува на наодите од длабинската студија на ИФЕС во Северна Македонија за платеното политичко рекламирање за време на парламентарните избори во 2024 година. Документот има за цел да идентификува одржливи, долгорочни решенија за подобрување на инклузијата и застапеноста на жените и родовите прашања на интернет порталите. Во длабинската студија беше нотирано дека на краток рок може да се направат одредени практични подобрувања во рамките на постојната законска регулатива – преку координирани напори на политичките партии, онлајн порталите и државните институции:

  • За политичките партии, тоа значи вклучување на родовата перспектива во медиумските комуникации, обезбедувајќи еднаква родова застапеност во дизајнот на платените реклами и доделување дел од средствата за рекламирање специјално за жените кандидатки како дел од внатрешните политики.
  • Онлајн порталите се охрабруваат да се придржуваат до постојните стандарди и упатства за етичко новинарство, формално да ги одобрат овие инструменти за да покажат посветеност, да назначат одговорни уредници за да обезбедат усогласеност и да го подобрат прикажувањето на жените, како и да ја промовираат сопственоста со услов да се наведе авторот и јасно да се цитира изворот.
  • Државните институции би можеле да размислат за подготовка на насоки за вклучување на родовите перспективи во платените реклами, давајќи пример преку родово сензитивни материјали, проширувајќи ги обврските дека во известувањето треба да се направат напори за вклучување на родовата перспектива, и да ги разгледаат институционалните опции за ефикасно следење на родовата застапеност во покриеноста на кампањата.

Имајќи го ова предвид, документот се фокусира на три клучни области каде што се смета дека измената на законите и практиките имаат посебен потенцијал да се изврши влијание: 1) регулативата за медиумите и интернет порталите како и нивната саморегулација, 2) одредбите за јавно финансирање на политичките партии, и 3) законската регулатива и насоките за родовите прашања.

 

Овој производ е подготвен во рамки на проектот “Пари, медиуми и избори во Северна Македонија” финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.