Препораки за подобрување на состојбата – Отвореност на локална власт во регионот и во Северна Македонија

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата студија на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на локалната власт во регионот на Западен Балкан.

Локалната власт во Република Северна Македонија исполнува само 25% од индикаторите за отвореност, анализирани по областите транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност. Оваа просечна оцена, која е значително под просекот во регионот, покажува ниско ниво на ангажираност и посветеност на општините на исполнување на стандардите за отвореност. Овој индекс покажува алармантна состојбата на отвореност на локалната власт, со оглед на суштината на постоењето на општините, каде тие треба да бидат во служба на граѓаните; транспарентноста да ја темелат на отворени податоци и информации; да имаат јасни процедури за партиципативно одлучување, како и јасни процедури за добивање на јавните услуги; но и отчетно да објаснуваат за што ги искористиле јавните пари кои им биле на располагање и на кој начин го подобриле животот во заедниците.

Целиот документ можете да го прочитате на овој линк.