Прирачник за Едубунту Линукс: Како да го направите компјутерот полесен за употреба

Edubuntu Linux е слободен оперативен систем базиран на Ubuntu Linux. Тој стандардно доаѓа со работната околина GNOME која што во себе содржи многу опции за пристапност. При дизајнот на секоја апликација и алатка во работната околина GNOME земени се предвид сите фактори кои би овозможиле зголемена пристапност и употребливост за сите корисници. Благодарение на посебните алатки достапни во оваа работна околина, на лицата со хендикеп (на пр. со оштетувања на видот, моторни нарушувања, интелектуална попреченост) им е овозможено да го користат овој оперативен систем.