Државата е јавна работа. Општо е верувањето дека демократските политички поредоци можат оптимално да функционираат само кога јавноста е информирана за работата на државните органи и јавните функционери. За постигнување на оваа цел, уставите на современите држави поставуваат посебни гаранции, така што граѓаните во вакви современи демократии имаат основно право да бидат информирани за постапките на државните органи.
Граѓаните можат да го остварат ова право без разлика дали информациите се однесуваат на нив и целта за која имаат намера да ги користат. Правото на слободен пристап до информации е основно право загарантирано со устави, меѓународни конвенции и национално законодавство. Спротивно на тоа, одредени основни принципи се воспоставени благодарение на напорите на меѓународните граѓански организации.
Ова упатство има за цел да ги систематизира добрите практики и препораки за постигнување на поголемо ниво на отвореност на институциите, фокусирајќи се на информациите што треба да и се претстават на јавноста – што на крајот може да доведе до зајакнување на капацитетите на институциите за спроведување на обврските во областа на слободни пристап до информации.
Ова упатство е создадено во рамките на проектот „Користење на нови медиуми за промовирање на владината транспарентност“ финансиски поддржан од Националната фондација за демократија.