Проценка на нивото на спроведување на Акцискиот план на стратегијата за транспарентност (2019-2021) во периодот ноември 2019 – ноември 2020

Овој мониторинг го проценува спроведувањето на АП во две димензии: (1) дали се спроведува навремено и (2) дали се спроведува целосно во случаен примерок од 50 институции: 16 министерства и 34 органи и тела на извршната власт. Подготвени се четири различни прашалници според видот на институцијата и активностите кои тие институции требаше да ги спроведат во првата година (ноември 2019 – ноември 2020 година): (1) Генералниот секретаријат како централна институција за мониторинг и орган за спроведување, (2) Министерства и органи и тела на извршната власт, (3) Министерството за информатичко општество и администрација, кое покрај општите обврскишто се однесуваат на сите институции, е одговорно и за спроведување на специјализирани активности и (4) Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер заради
одговорноста за спроведување на специјализирани активности.

Претходниот извештај „Проценка на нивото на спроведување на Aкцискиот план на стратегијата за транспарентност (2019-2021) во првите шест месеци (ноември 2019 – мај 2020)“ може да го погледнете тука

Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт – мерење за 2021

Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири […]

Индекс на отвореност на локалната самоуправа за 2022 година

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2022 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност. Истражувањето за 2022 година покажа дека повеќето општини не […]

Водич – Тактичко ангажирање на податоци

Фондацијата Метаморфозис е посветена на зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во подобрувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво. Активностите што ги спроведува Метаморфозис имаат за цел да создадат средина во која гласот на граѓаните ќе има влијание и ќе придонесе за решавање на проблемите, обезбедувајќи информации и алатки […]

Verified by MonsterInsights