Реформата на најкомплицираниот дел од општеството за реформирање – јавната администрација напредува, иако не со посакуваната брзина и сегментирано. Ова би бил основниот заклучок од второтo по ред истражување за текот на реформите во јавната администрација што го спроведовме во јануари годинава.
Основните заклучоци од кои потоа произлегуваат и препораките би биле следните:
- Реформските зафати водат во дигитализацијата и почетоците на давање на Е услуги, а најслабо стојат во пребројувањето – функционални анализизи за да се дознае што треба, а што не треба од администрацијата и од јавниот сектор, како тие да се оптимизираат и да се направат поефикасни и пофункционални
- Законите и прописите што го креираат мерит – системот, иако се ревидирани, се уште имаат слабости и се порозни од аспекти за вработување и унапредување во служба и за јакнење на интегритетот на државните и административните службенци
- Транспаретноста и отчетноста е многу добра во високите врвови на извршната власт – влада и министерства. Како се оди подолу, проблемот станува се повидлив, особено во локалната власт. Забележлив проблем со транспретноста и отчетноста има и правосудството.
- Проценката за влијание на регулативата(ПВР), иако е подобрена во однос на 2017 г. и 2018 г., се уште е слаба точка. За тоа придонесува и немањето обврска за ПВР доколу предлагач на законите е пратеник или парламентарна група, како и преголемиот број закони по итна постапка
- Локалната власт се уште е неефикасна во однос на оптимизацијата на потребните работни места и во однос на финансиската дисциплина. По функционланите анализи треба да се размисли за начинот за поголем извор на приходи и за поразличен, сегментиран систем на субвенции од централната власт, како и за зајакнување на финансиската дисциплина на локалната власт. За дигитализацијата и е-услугите во локалната власт, клучната помош треба да дојде од централно ниво
Истражувањето е спроведено во рамки на регионалниот проект „Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ: Примена на политичките критериуми“, што го води Центарот за демократска транзиција од Подгорица, Црна Гора. Проектот е подржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД