Реформската агенда 2024 – 2027 и дигитализацијата во Република Северна Македонија – преглед на обврски во декемвриски рок

Фондација Метаморфозис континуирано и посветено ги следи активностите на државните институции во полето на дигитализација, и за таа цел, веќе подготви два прегледи на постигнувања од Реформската агенда, еден во април 2025 со опис на активностите во областа дигитализација, и еден во јули 2025, како пресек на обврските со рок до јуни 2025.

Имајќи предвид дека ни се приближува декемврискиот рок, во прилог мал осврт на структурата, значењето, досега остварените мерки, но и што треба да се исполни до 31 декември 2025 година.