Фондација Метаморфозис континуирано и посветено ги следи активностите на државните институции во полето на дигитализација, и за таа цел, веќе подготви три прегледи на постигнувања од Реформската агенда, еден во април 2025 со опис на активностите во областа дигитализација; еден во јули 2025, како пресек на обврските со рок до јуни 2025. Во декември 2025, Фондација Метаморфозис објави преглед на структурата, значењето, досега остварените мерки, но и што треба да се исполни до 31 декември 2025 година. Во продолжение анализа на што се исполни во 2025 година, и што останува за завршување во грејс периодот.