Фондација Метаморфозис, во соработка со Преспа институт и како дел од Граѓанска алијанса за реформи и пораст – CARGrow, придонесе кон изработката на публикацијата „Реформската агенда под лупа: Прв ex-ante краток извештај“. Публикацијата содржи систематски преглед и анализа на реформските чекори од Реформската агенда 2024–2027 на Владата на Северна Македонија, со посебен фокус на мерките со рок до декември 2025 година и нивната поврзаност со исплатата на средствата во рамки на Планот за раст на Европската Унија. Извештајот ги идентификува клучните институционални обврски, потенцијалните ризици од доцнење и областите каде е потребна засилена меѓуинституционална координација.
Проектот се спроведува со поддршка на Фондот за проширување и темелни вредности на Европската Унија на Владата на Република Ирска, преку Амбасадата во Букурешт.