Регионален сеопфатен план за добро владеење на Западен Балкан

Во периодот меѓу декември 2018 и март 2019 година, конзорциумот составен од 6 држави во регионот и Вестминстер фондација за демократија, развија Регионален индекс на отвореност кој служеше како индикатор за мерење на процентот на транспарентност на владите и министерствата во државите од Западен Балкан и достапноста на информациите до граѓанинот.

Регионалниот сеопфатен план за добро владеење во Западен Балкан, ги обединува посебните акциони национални планови на државите од Западен Балкан и вклучува препораки на високо ниво за секоја институција, а во насока на подобрување на нивната транспарентност. Во овој документ се разгледани низа прашања, следејќи ги принципите на транспарентност: од донесувањето на централна политика на отвореност на извршно ниво до редовно објавување на избирачки списоци на пратеници, дали судските органи одржуваат ажурирана веб-страница и дали локалните влади објавуваат информации навремено, итн.

Врз основа на тие мерења, водени согласно меѓународните стандарди, беа изготвени национални Планови за добро владеење со основни препораки и активности. Националниот сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Северна Македонија може да го погледнете тука.

Регионалниот индекс на отвореност, преку јавно демонстрирање како функционираат различните институции во овие области, ќе ги мотивира институциите да усвојат и имплементираат некои од предложените чекори за акција, да ја подобрат отвореноста и, следствено, резултатот во индексот за следната година да биде на повисоко ниво.

 

Погледнете го документот Регионален План за добро владеење во Западен Балкан.

 

Проектот Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа – ACTION SEE е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од Фондацијата Метаморфозис, Вестминстер Фондација за Демократија, CRTA – Центар за истражување, транспарентност и отчетност, Здружение на граѓани Why not?, Центар за демократска транзиција, Open Data Kosovo (ODK) и Levizja Mjaft!.

Гледиштата изразени во овие истражувања се исклучиво на авторите и истражувачите.