Визуелизација – oтвореност на собранијата во регионот и во Македонија

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата студија на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на собранијата во регионот на Западен Балкан.

Преку оваа визуелизација се презентирани дел од клучните наоди од истражувањето на отвореноста на собранијата во регионот и во Македонија. Според индексот на отвореност, една од најсилните страни на македонското собрание се контролните механизми со високи 83%, како и свесноста на собранието, која достигнува 76%. Сепак, првиот Етички Кодекс на Собранието, од неговото оформување па до денес, е усвоен неодамна, на 11 јуни 2018 година, и нема показатели за негова примена.

Целосната анализа можете да ја погледнете тука.

 

ACTION SEE parlament
Infogram
Колку се отворени парламентите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Собрание на автономна покраина Војводина 29.2% Парламент на Федерација БиХ 33.3% Народно собрание на Република Српска 42.3% Парламент на Република Црна Гора 85.5% Собрание на Република Северна Македонија 71.9% Парламентарно собрание на Босна и Херцеговина 61.2% Народно собрание на Република Србија 56.9%

Колку просечно се отворени министерствата на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Северна Македонија 58.6% Црна Гора 48.2% Босна и Херцеговина 38.5% Србија 46.8%

Колку се отворени владите на Западен Балкан?

Регионалниот Индекс на отвореност мери колку институциите се отворени за граѓаните и општеството. Влада на Република Српска 35.9% Покраинска влада на Војводина 30.5% Влада на Република Србија 45.5% Влада на Република Црна Гора 58.2% Советот на министри БиХ 75.5% Влада на Федерација БиХ 38.2% Влада на Република Северна Македонија 82.7%

Verified by MonsterInsights