Визуелизација – регионалната отвореност на институциите од Западен Балкан

Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата визуелизација во која го прикажуваме нивото на отвореност на институциите на власта во регионот на Западен Балкан.

Преку оваа визуелизација се презентирани дел од клучните наоди од истражувањето на отвореноста во регионот и во Северна Македонија. Во изминатите години, преку Индексот на Отвореност, развиен во рамки на проектот „ACTION SEE“, континуирано се мониторираа институциите на судската власт, извршната власт, локалните самоуправи, и собранијата.