Визуелизација – Отворени податоци Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)

Во текот на 2020 година Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација обезбеди техничка поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата во процесот на отворање на нивните податоци.

Како резултат на спроведените активности ДКСК објави 4 податочни сетови во отворен формат на порталот за отворени податоци data.gov.mk. Исто така беше направен попис и каталогизација на податочните сетови на ДКСК и беше изработена интерна процедура за објавување на отворени податоци.

На визуелизацијата подолу погледнете ги вкупните резултати од обезбедената поддршка на ДКСК за отворени податоци.