Визуелизација – Отворени податоци Министерство за локална самоуправа (МЛС)

Во текот на 2020 година Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација обезбеди техничка поддршка на Министерството за локална самоуправа во процесот на отворање на нивните податоци.

Како резултат на спроведените активности објавени се 10 податочни сетови во отворен формат на веб страната на МЛС.

На визуелизацијата подолу погледнете ги вкупните резултати од обезбедената поддршка на МЛС за отворени податоци.

Леток – Отворен град

Дали сте слушнале за Иницијативата Отворен град? Иницијативата Отворен град има за цел да ги трансформира градовите во потранспарентни, отворени и достапни организации, кои се во постојан контакт со граѓаните и кои одговараат на нивните потреби. Дознајте повеќе во овој документ.

Визуелизација – обезбедена поддршка на пет државни институции за отворени податоци

Во текот на 2020 година Фондацијата Метаморфозис, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација спроведе активности за обезбедување на поддршка на пет државни институции за објавување отворени податоци. Активностите опфатија обезбедување на техничка поддршка на Министерството за локална самоуправа, Државната комисија за спречување корупцијата, […]

Визуелизација – Отворени податоци Државен пазарен инспекторат (ДПИ)

Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација обезбеди техничка поддршка на Државниот пазарен инспекторат во процесот на отворање на нивните податоци. Како резултат на спроведените активности ДПИ објави 7 нови податочни сетови во отворен формат на порталот за отворени податоци data.gov.mk. На […]