Во текот на 2020 година Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација обезбеди техничка поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата во процесот на отворање на нивните податоци.
Како резултат на спроведените активности ДКСК објави 4 податочни сетови во отворен формат на порталот за отворени податоци data.gov.mk. Исто така беше направен попис и каталогизација на податочните сетови на ДКСК и беше изработена интерна процедура за објавување на отворени податоци.
На визуелизацијата подолу погледнете ги вкупните резултати од обезбедената поддршка на ДКСК за отворени податоци.