Втор периодичен извештај од набљудувањето на исполнувањето на реформските приоритети од областа на медиумите [01.10.2017 – 31.12.2017]

Овој периодичен извештај ги презентира резултатите од набљудувањето на исполнетоста на Итните реформски приоритети (ИРП) кои се однесуваат на слободата на изразувањето, во периодот од 01 октомври до 31 декември 2017 година, во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, ЗГ „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.