WeGo Концепт за обуки во областа на е-власт

Целта на Академијата за е -власт е обезбедувањето основа за е-власт. WeGo проектот ќе пренесе знаење до целните земји. Сегашниот концепт е посветен на обука за е -власт кај националната и локалната администрација.

Од една страна, целта на концептот на обуката е да им се помогне на вработените да се запознаат со главните аспекти на е -власт. Само способниот и информиран персонал може да ги внесе целите и придобивките од е -власта во администрацијата и пошироко.

Од друга страна, специјалните експертски категории како што се раководителите на проектите за е-власт и развојните програмери имаат потреба од особено специфични насоки за имплементацијата и поврзувањето на специфичните компоненти на е -власт.