ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ

  • Оглас за вработување на ИТ специјалист

  • Огласот е отворен до: 06/07/2021

Основни информации

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ има за цел да ја зајакнува свесноста и капацитетот на граѓаните и граѓанското општество за тие да ја преземат најдобрата можна улога како активисти за демократија, поддржувајќи ја власта да ја исполни нејзината демократска улога – да работи во служба на општеството.

За поддршка на своите секојдневни програмски и проектни активности Фондацијата „Метаморфозис“ ќе ангражира ИТ специјалист.

Одговорности на ИТ специјалистот

  • Да ја одржува постоечката локална ИКТ инфраструктура на Фондацијата како и да нуди нови решенија за поефикасна и побезбедна работа
  • Одржување на веб сајтовите кои припаѓаат на Фондацијата „Метаморфозис“
  • Одржување на веб серверите на Фондацијата „Метаморфозис“
  • Одржување обуки од доменот на ИКТ Поддршка во набавките на ИКТ опрема и услуги
  • Да соработува со колегите во „Метаморфозис“ за целокупно успешно спроведување на проектите и програмските активности.

ИТ специјалистот ќе одговара директно пред Програмскиот директор.

Потребни услови и лични вештини

  • Завршено високо образование
  • Напредно познавање на O365
  • Искуство со веб-дизајн Искуство со администрација на веб сервер
  • Искуство со давање обуки или презентации ќе се смета како предност
  • Спремност за службени патувања во земјата и/или странство.

Вид ангажман

ИТ специјалистот ќе биде вработен/а на определено време од 1 година и со можност за продолжување на договорот.

Услови за пријавување

Заинтересираните кандидати/тки што ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на konkurs@metamorphosis.org.mk до 06.07.2021 година.

Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

Фондацијата „Метаморфозис“ нуди еднакви можности за сите заинтересирани и не дискриминира по ниту една основа при вработувањето.

ВОЛОНТИРАЊЕ

  • Оглас за вработување на ИТ специјалист

Ние бараме страсни, посветени и исклучителни луѓе за да помогнете ни да го решиме најголемиот предизвик со кој се соочува нашата заедница.

ПРИКЛУЧИ СЕ
НА
ТИМОТ