ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ
-
Оглас за вработување на раководител/ка на проект
-
Огласот е отворен до: 10/01/2022
Основни информации
Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис преку својата програма – Медиуми за демократија – се залага за обезбедувањето на знаење и глас на граѓаните, откривање на корупцијата и развивање на една култура на критика каде граѓаните се сѐ помалку исплашени да ги доведуваат во прашање дејствијата на властите и се овластени на корисен начин да учествуваат во демократските процеси. Информираното општество е суштествено за обезбедување одговорност како на јавниот, така и на приватниот сектор.
Во рамки на програмата Медиуми за демократија, Фондацијата „Метаморфозис“ oтвара повик за ангажирање на раководител на проект.
Одговорности на раководителот/раководителката
- Да ја координира соработката со партнерските медиуми и новинари;
- Да координира активности за застапување како и обуки за медиумска писменост и за борбата против дезинформации;
- Редовна координација и соработка со уредниците на медиумите на Фондација Метаморфозис;
- Да ги реализира сите проектини обврски навремено и квалитетно.
- Да соработува со колегите во „Метаморфозис“ за целокупно успешно спроведување на проектите и програмските активности.
Раководителот/раководителката ќе одговара директно пред Програмскиот менаџер на програмата Медиуми за демократија.
Потребни услови и лични вештини
- Завршено високо образование;
- Вештини за проектен менаџмент;
- Навремено координација со голем број партнери/странки;
- Комуникациски вештини;
- Аналитички способности и подготвеност за учење;
- Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
- Високо ниво на познавање и примена на македонскиот јазик (усно и писмено);
- Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и писмено);
- Спремност за службени патувања во земјата и/или странство.
Вид ангажман
Раководителот/раководителката ќе биде вработен/а на определено време од 1 година и со можност за продолжување на договорот.
Услови за пријавување
Заинтересираните кандидати/тки што ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на konkurs@metamorphosis.org.mk до 10.01.2022 година.
Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
Фондацијата „Метаморфозис“ нуди еднакви можности за сите заинтересирани и не дискриминира по ниту една основа при вработувањето.
ВОЛОНТИРАЊЕ
-
Оглас за вработување на раководител/ка на проект