ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ
-
Оглас за вработување на раководител/ка на проект
-
Огласот е отворен до: 17/11/2021
Основни информации
Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис преку своите програми – Општествена отчетност и Човекови права на Интернет се залагаат за зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на државните институции, локалната самоуправа и приватниот сектор како и унапредување на правото на слобода на изразување, едукација за правото на приватност, борба против говорот на омраза на Интернет. Активностите кои Метаморфозис ги реализира во рамките на овие програми имаат за цел креирање на средина во која гласот на граѓаните ќе влијае во креирањето на решенија на проблемите, обезбедување на информации и алатки за начинот на барање отчетност и подобрување на односот и довербата на граѓаните кон институциите.
Во рамки на програмата Човекови права на интернет, Фондацијата „Метаморфозис“ oтвара повик за ангажирање на раководител на проект.
Одговорности на раководителот/раководителката
- Да ја координира поддршката што „Метаморфозис“ ќе им ја нуди на државните институции.
- Да ги координира активностите за подигање на свеста на граѓаните и локалните граѓански организации како да се заштитат на интернет како и нивните права.
- Да ги следи актуелните случувања и развојни процеси за заштита и промоција на човековите права на Интернет.
- Активно да застапува и да ги поддржува институциите кон подобрување на нивните политики и практики во областа на заштита и промоција на човековите права на интернет.
- Да ги реализира сите проектни обврски навремено и квалитетно.
- Да соработува со колегите во „Метаморфозис“ за целокупно успешно спроведување на проектите и програмските активности.
Раководителот/раководителката ќе одговара директно пред Програмскиот директор на Фондација Метаморфозис.
Потребни услови и лични вештини
- Завршено високо образование;
- Вештини за проектен менаџмент;
- Навремено комуницирање со голем број партнери/странки;
- Комуникациски вештини;
- Аналитички способности и подготвеност за учење;
- Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
- Високо ниво на познавање и примена на македонскиот јазик (усно и писмено);
- Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и писмено);
- Спремност за службени патувања во земјата и/или странство.
Вид ангажман
Раководителот/раководителката ќе биде вработен/а на определено време од 1 година и со можност за продолжување на договорот.
Услови за пријавување
Заинтересираните кандидати/тки што ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на konkurs@metamorphosis.org.mk до 17.11.2021 година.
Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
Фондацијата „Метаморфозис“ нуди еднакви можности за сите заинтересирани и не дискриминира по ниту една основа при вработувањето.
ВОЛОНТИРАЊЕ
-
Оглас за вработување на раководител/ка на проект