ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ

  • Оглас за вработување на Специјалист за комуникации

  • Огласот е отворен до: 07/04/2023

Фондацијата Метаморфозис има потреба од специјалист за комуникации кој ќе се придружи на организацијата и ќе работи на подобрување на видливоста на работата на организацијата со цел поголемо присуство во медиумскиот простор. Метаморфозис се стреми кон проширување на целните групи до кои цели да стигне со информациите за својата работа и придобивките од неа.

Описот на работните задачи и потребните квалификации и вештини за горенаведената позиција може да ги најдете во прилог на огласот.

Опис на работни задачи / Одговорности на специјалистот за комуникации:

Специјалистот за комуникации (за односи со јавноста и комуникација) е организациски давател на услуги. Тој/таа помага во обезбедувањето висококвалитетна комуникација и видливост на Метаморфозис. Меѓу неговите/нејзините одговорности се вклучени:

  • Подготовка на Стратегија за комуникација со јавноста;
  • Спроведување на Стратегијата за комуникации со јавноста, односно планирање на инструментите за нејзино спроведување.

Попрецизно, од специјалистот за комуникации се очекува:

  • Да управува со алатки за онлајн комуникација;
  • Навремено да го синхронизира одржувањето на јавните настани;
  • Да објави информации за јавните настани на каналите за комуникација на организацијата;
  • Да покани медиуми кои би присуствувале на јавните настани;
  • Да присуствува на планираните јавни настани кои ги организира организацијата;
  • Да подготви материјали за новинарите присутни на јавните настани; да подготвува соопштенија од јавните настани за печатот и да го сподели со новинарите по завршување на настанот, подготовка на визуелизации и други е-содржини;
  • Да креира содржини поврзани со работата на организацијата во соработка со програмските координатори и директори;
  • Да планира и организира тематски интервјуа на вработените во медиумите и да планира други акции за видливост на организацијата;
  • Да ги креира содржините за социјалните мрежи;
  • Да го анализира на влијанието на комуникациските активности;
  • Да го ориентира персоналот на Фондацијата во доследно имплементирање на стратегии за брендирање и врши други задачи по потреба кои што се неопходни за да се подобри видливоста на работата на организацијата.

Потребни квалификации и вештини:

  • Најмалку 2 годишно релевантно работно искуство;
  • Високо образование, а пожелно е да биде во областа на комуникација и односи со јавноста;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, а познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на работата во граѓанското општество, претходно искуство во секторот е пожелно;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint, познавање на програми за дизајнирање, WordPress, како и познавање на сервисот MailChimp;
  • Претходно искуство во организација на настани и креирање на промотивни материјали;
  • Познавање и искуство со социјални медиуми и останати алатки за информирање и промоција;
  • Искуство во креирање на соопштенија за јавност;
  • Искуство во работа со различни засегнати страни во исто време, односно способност за истовремено управување со повеќе проекти во динамична работна средина;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Способност за тимска работа и работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Распоред на работно време:

Позицијата предвидува полно и редовно работно време, со повремени попладневни и викенд ангажмани при организација на настани. Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, компетитивна и динамична работна средина, односно:

  • работни часови во неделата: 40;
  • работно време од понеделник до петок од 08:30/9:00 до 16:30/17:00 часот.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија на македонски јазик и мотивациско писмо на следните адреси: danche@metamorphosis.org.mk, info@metamorphosis.org.mk и goran@metamorphosis.org.mk со назнака „За оглас за специјалист за комуникации“ најдоцна до 07.04.2023 година, до 16:00ч. Кон биографијата и мотивациското писмо потребно е да биде доставен и пример или извадок од пишан труд на кандидатот, колумна, статија и слично (на македонски или англиски јазик).

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

ВОЛОНТИРАЊЕ

  • Оглас за вработување на Специјалист за комуникации

Ние бараме страсни, посветени и исклучителни луѓе за да ни помогнат да го решиме најголемиот предизвик со кој се соочува нашата заедница.

ПРИКЛУЧИ СЕ
НА
ТИМОТ

Verified by MonsterInsights