ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ
-
Повик за ангажирање на новинар/ка во Новинската агенција Мета
-
Огласот е отворен до:
Фондацијата Метаморфозис објавува повик за ангажирање на новинар/ка во редакцијата на Новинската агенција Мета. Кандидатите кои имаат искуство во новинарството, особено во креирање мултимедијални содржини може да имаат предност пред останатите, но одлучувачки фактор ќе биде нивната креативност и ентузијазам.
Потребно е кандидатите да имаат дигитални вештини. Исто така, се очекува заинтересираните за работа во „Мета.мк“ одлично да го познаваат македонскиот, како и англискиот јазик.
Кандидатите треба да испратат куса биографија и мотивациско писмо во електронска форма на konkurs@metamorphosis.org.mk најдоцна до 15.08.2021 година. Оние заинтересирани кандидати кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Новинарот/ката ќе се приклучи на тимот на новинари во Новинската агенција Мета на определено време со можност за продолжување на договорот.
ВОЛОНТИРАЊЕ
-
Повик за ангажирање на новинар/ка во Новинската агенција Мета