Joсифовска Даниловска: Треба заеднички да работиме за етичката употреба на ВИ

ВИ ни е на праг и затоа потребно ни е да можеме да ги совладаме сите работи кои треба да ги исполниме, па потоа да изградиме систем кој ќе ги автоматизира процесите и нема да дискриминира, нема да наштети на приватноста на никого, смета Јосифовска Даниловска

Иако има големи придобивки од вештачката интелигенција (ВИ), има и определени ризици како на пример, нејзиното користење во т.н. лоши цели кои ја нарушуваат заштитата на приватноста, заштитата на достоинството на човекот. Затоа е неопходно да има јасни регулативи за заштита на човековите права. Ова денеска го истакна Мила Јосифовска Даниловска, програмска менаџерка во Фондацијата за Интернет и општество „Метаморфозис“, на денешниот настан организиран во рамки на Денови на медиумска писменост.

На тема „Вештачка интелигенција и авторски права“, зборуваше д-р Ханес Хенке, експерт од Германија, а на тема „Етика во користењето ВИ“, освен Јосифовска Даниловска зборуваше и д-р Анис Сефиданис од Факулетот за машинска интелигенција и роботика, а модератор беше Лилјана Пецова-Илиевска.

Фото: Мета.мк

„Секојдневната употреба на ВИ беше причина да спроведеме истражување за ефектот на новите технологии, со посебен фокус на ВИ врз човековите права на Интернет. Сметавме дека тоа може да биде подлога за да може понатаму да се гради националната стратегија за ВИ. Иако од неа има големи придобивки, сепак, има и ризици од нејзина неправилна употреба односно употребна во т.н. лоши цели, кои задираат во заштитата на приватноста, во заштита на достоинството на човекот. Затоа мора да има јасни регулативи за заштита на човековите права, но да се внимава да не се задуши технолошкиот развој. Технологијата има молскавичен напредок, па мора да избалансираме меѓу овие две работи“, истакна Јосифовска Даниловска.

Таа смета дека треба да има повеќе вакви дискусии и поради тоа апелираше здружено да се работи на оваа тематика, нагласувајќи дека „Метаморфозис“ започна процес на креирање на Коалиција за одговорна употреба на вештачка интелигенција.

„Во однос на заштитата на личните податоци, нашата Агенција за заштита на лични податоци, има изготвено прирачници, платформа за е-учење, кои не се доволно искористени. Прво треба да ја поставиме основата со почитување и спроведување на сите закони и прописи поврзани со различни дигитални системи, заштита на лични податоци. ВИ ни е на праг и затоа потребно ни е да можеме да ги совладаме сите работи кои треба да ги исполниме, па потоа да изградиме систем кој ќе го почитува човековото достоинство и нема да дискриминира, нема да наштети на приватноста на никого“, смета таа.

Професорот Анис Сефиданис истакна дека ВИ може да заземе супер перспектива на целото човеково знаење.

„ВИ може да изведува увиди кои не постоеле претходно и да биде прецизна во однос на нејзините предвидувања. На пример, автомобилите на Тесла успешно се снаоѓаат со сообраќајни несреќи, на тој начин што се минимизира бројот на човечки жртви, по цена на материјална штета. Ако ВИ е производ на човечкиот ум, а човекот е производ на природата, тогаш овде не гледам ништо вештачко, па затоа не би требало да ја нарекуваме `вештачка` интелигенција“, истакна професорот.

Според него, едукацијата е единственито „оружје“ со кое може да се справиме со опасноста која постои, а тоа се лошите намери кои со користење на ВИ, може да бидат мултиплицирани во голем број.

„ВИ ќе успее да спречи криумчарење на луѓе и на роба преку граница, на злоупотреба на било каква административна фунцкија. Опасноста постои да нашите лоши намери бидат мултиплицирани во голем број. Булинг порано имало во училишниот двор, а сега може да биде префрлен на Chat GPT. Затоа едукацијата е единствено оружје со кое може да се справиме против опасностите. Регулатива и правна одговорност треба да постојат, но има и други процеси на колективна свест, каде одговорноста станува се помалку индивидуална. ChatGPT креира книжевни дела, прашањето е на кого да се препише интелектуалната сопственост“, вели професорот.

Денешниот настан насловен како „Политики за медиумска писменост во ерата на ВИ“, го отвори Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заедно со претставници на членките на мрежата на медиумска писменост. На тема политики за развој на свесноста за ризиците од дезинформации, зборуваше Снежана Трпевска од Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС.

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Joсифовска

Даниловска:

Треба

заеднички

да

работиме

за

етичката

употреба

на

ВИ

Останати блог текстови

„Реформската агенда со скромни чекори : Граѓанскиот сектор вклучен во мониторингот, но институциите се затворени“ - Мета.мк Новинска агенција

22.09.2025

Македонија исполнила само 2 од 5 планирани чекори до декември 2024 година, или 40% од проектираните обврски fatemeh-rezvani-MnPWB-ybjHQ-unsplash Северна Македонија направи многу малку во однос на тоа што е потребно за реформската агенда. Ова го покажа табелата на резултатите од Програмата за развој и реформи на Западен Балкан објавена од Европската комисија. Граѓанското општество, иако […]

"Владата со селективна транспарентност: Бомбардирањето со соопштенија го маскира криењето на клучните информации" - Мета.мк

19.09.2025

Новинарите предупредуваат за сериозни пречки за пристап до клучни информации. Фото: Мета.мк На прв поглед, Владата на С. Македонија изгледа отворена: најавува активности, споделува соопштенија за медиумите и изјавува посветеност кон Стратегијата за транспарентност 2023–2026. Но, зад фасадата на отвореност лежи селективна практика: самите институции одлучуваат кои точки од дневниот ред да ги објават, кои […]

Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите

23.04.2025

Интервју со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Автор: Васко Маглешов Објавено на 23 април 2025 во 10:29 Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за […]

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

16.04.2025

Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]

Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат

29.01.2025

Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]

Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените

30.12.2024

Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]