Оптичкиот кабел на МЕПСО (Македонскиот електропреносен систем) е подготвен за издавање. За изнајмување на оптичкиот кабел се заинтересирани неколку домашни, словенечки, хрватски и други странски компании, а интерес има пројавено и НАТО

Оптичкиот кабел на МЕПСО (Македонскиот електропреносен систем) е подготвен за издавање. Директорот на оваа државна компанија Трајче Черепналковски потврди дека цените и правилникот под кои ќе се издава оптичкиот кабел се одобрени од управниот одбор на МЕПСО, објави „Тотал“.

– Сега се чека на деловната политика на новата Влада по оваа прашање – рече тој.

За изнајмување на оптичкиот кабел се заинтересирани неколку домашни, словенечки, хрватски и други странски компании, а интерес има пројавено и НАТО.

Во Македонија од постојните четири оптички кабли комерцијално е активен само тој на „Македонски телекомуникации“. Оптичкиот кабел се користи за пренос на слика, тон, интернет, телефонија.

Извор: Дневник (11.9.2006 г.)