Македонскиот министер за образование и наука, Азис Положани, и кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ванксуе, вчера потпишаа Меморандум за разбирање со кој кинеската влада донира 3.300 компјутери за нашите основни училишта, јави МИА…

Македонскиот министер за образование и наука, Азис Положани, и кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ванксуе, вчера потпишаа Меморандум за разбирање со кој кинеската влада донира 3.300 компјутери за нашите основни училишта, јави МИА.

Во рамките на оваа втора фаза влегуваат и 300 печатачи, како и софтвер „Виндоус“, кој ќе биде вграден во компјутерите. Претходно кинеската влада и додели на Македонија 2.000 компјутери, кои, како што објасни Положани, веќе се инсталирани во средните училишта. Вкупната вредност на двете донации изнесува шест милиони американски долари.

Според министерот Положани, новите компјутери ќе бидат поставени во централните основни училишта во земјава и се очекува да пристигнат во октомври годинава.

– Кина исто така е земја во развој и нашата влада вложува големи напори во образовниот систем. Поради тоа во иднина ќе работиме во интерес на двата народа – истакна амбасадорот Ванксуе.