На 11 март, 2009, за време на својот прв состанок, Коалицијата на истакнати изведувачи (FAC), вклучувајќи ги 140-те најголеми рок и поп ѕвезди од Велика Британија, изрази загриженост поради мерките што се преземаат против фановите што споделуваат датотеки.

FAC изрази намера да се залага за подобра зделка за музичарите „во време кога тие можат да го користат интернетот за да креираат директни линкови со нивните фанови”. „Членовите на коалицијата сакаат да водат кампања за ефективни закони и прописи и за транспарентни и праведни бизнис практики. Тие сметаат дека од компаниите како што се Мајспејс и Јутјуб треба да се побара да ги обесштетат авторите кога ја користат нивната музика за рекламирање. Истовремено, тие сакаат да се дистанцираат од индустријата која сака да ги етикетира како криминалци лицата кои нелегално преземаат музика.

Изведувачите дискутираа околу одговорот на времената верзија на извештајот на Digital Britain со кој се предлага Агенција за права да спроведува мерки против пиратерија. Иако времениот извештај не предлага систем од три предупредувања како во Франција, предлага мерки со кои се бара од интернет провајдерите да ги информираат сопствениците на правата за клиентите што споделуваат музика преку пир-ту-пир мрежи. Со тоа би се олеснило преземањето мерки против најголемите прекршители.

„На состанокот кажав дека музичката индустрија во Велика Британија сè уште продолжува со криминализирање на нашата публика поради нелегалното преземање на mp3 песни“, изјави музичарот Били Брег кој додаде дека „уметниците треба да ги поседуваат своите права и тие се оние што треба да одлучат кога нивната музика ќе се користи бесплатно, а кога треба да добијат надомест“.

Ед Обрајан, член на бендот Radiohead, сметаше дека во „одлучувачкото време за индустријата“ (…) голем дел од правата и изворите на финансирање се намалуваат, и нам ни треба глас… Мислам дека сите главни играчи сакаат да слушнат што имаме да кажеме“.

It’s not a crime to download, say musicians (12.03.2009)
http://www.independent.co.uk/arts-entertainment/music/news/its-not-a-c…

Featured Artists Opposed To Cutting Off File-Sharers (12.03.2009)
http://www.billboard.biz/bbbiz/content_display/industry/e3iffcfe0c0b02…

 

Извор: ЕДРИ-грам „Coalition of musicians against criminalizing downloaders“ бр. 7.6, 25 март, 2009.